skip to Main Content

Отворена истрага против едно лице за убиството во Тетово

    2
Отворена истрага против едно лице за убиството во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот на 02.03.2019 година во објект на ул. 29 Ноември во Тетово лишил од живот едно лице. Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, консумирајќи алкохол. Во еден момент сторителот извадил пиштол го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. Останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот, се сведоци на настанот- е наведено во соопштението од обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата од Основниот суд во Тетово го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

2

ТАГОВИ: обвинителство Тетово убиство

Back To Top