skip to Main Content

Оставката на Груевски на дневен ред во Собрание

    4
Оставката на Груевски на дневен ред во Собрание

Во 11 часот е закажана собраниска седница, каде се очекува Никола Груевски да го изгуби својот пратенички мандат. Сè уште не е познато дали мандатот ќе му се одземе со гласање или пак собранискиот спикер Талат Џафери само ќе му ја констатира оставката.

Пратениците од власта сметаат дека Џафери треба да постапи согласно Деловникот и Изборниот законик и бидејќи Груевски не е лично присутен, да го стави на расправа заклучокот од комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања која препорача одземање на мандатот.

Христијан Мицкоски повтори дека тие ќе гласаат за одземање на мандатот, доколку се донесе одлука да се гласа.  Груевски треба да остане без својот мандат бидејќи неоправдано отсуствува од собраниска работа повеќе од шест месеци.

4

ТАГОВИ: груевски оставка собрание

Back To Top