skip to Main Content

Основачите на „Билка“ предаваа на Д Фест

    5
Основачите на „Билка“ предаваа на Д Фест

Втора година по ред, на покана на организаторот Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ Скопје зема учество на Д Фест 2019 со две предавања на своите основачи. Покрај музичката програма на фестивалот во таканаречен дебатен шатор се одржуваат предавања и дискусии од страна различни здруженија, со цел запознавања на младите лица при контакт со полиција, правата како корисници на канабис, негова употреба во третман на болка и сл.

На ден 13.07.2019 година (сабота) предаваше основачот на „БИЛКА“ Ивана Давидовска Игњатова-дипломиран физиотерапевт која предаваше на тема „„Употреба на канабис во третман на болка”.

На ден 14.07.2019 година (недела) предаваше основачот на „БИЛКА“ Јанаки Митровски-адвокат кој предаваше на тема „Приватизација на канабис” каде ги елаборираше критиките за постоечкиот државен модел, но и го презентираше моделот за легализација на канабис кој „БИЛКА“ го заговара.

Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ Скопје е здружение на граѓани основано во Април 2017 година кое се залага за целосна легализација на канабисот како во медицински така и во рекреативни цели. Оригинално основано до седум граѓани денес здружението брои 18 членови. Претседател на Здружението е Џез музичарот Џон Илија Апелгрен.

 

5

ТАГОВИ: Д Фестивал Дојран предавања

Back To Top