skip to Main Content

Ослободителна пресуда за Латас и неговите браќа

    5
Ослободителна пресуда за Латас и неговите браќа

Во Кривичниот суд во Скопје, беше објавена првата ослободителна пресуда на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), која се однесува на предметот со кодно име „Тревник“.

Во завршните зборови на СЈО, беше наведено дека во оваа постапка Драган Павловиќ Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ, се обвинети за кривичното дело Бесправно градење од член 244-а ст.1 од Кривичниот законик, затоа што во временскиот период од месец јули 2011 година до 24.01.2013 година во Општина Зелениково, спротивно на член 56 став 1 од Законот за градење, граделе без одобренија за градење издадени од надлежен орган.

Обвинителката Елизабета Јосифовска од специјалното јавно обвинителство по ослободителнната пресуда за Драган Павливќ Латас и неговите браќа за бесправна градба на викендички во Зелениково, истакна дека Обвинителството ќе ја обжали пресудата за случајот „Тревник“.

5

ТАГОВИ: безправна градба латас СЈО Тревник

Back To Top