skip to Main Content

Од полноќ почнува референдумскиот молк (видео)

    2
Од полноќ почнува референдумскиот молк (видео)

Владата во согласност со принципот за добро владеење и во насока на тоа дека е засегната страна во процесот на референдумот, ќе го почитува предреферендумскиот молк и ќе се воздржи од активности кои имаат поврзаност со референдумот и со изјаснувањето на граѓаните во наредните 48 часа почнувајќи од полноќ, рече портпаролот Бошњаковски на денешната прес конференција, која се одржа во Владата на РМ.

– Согласно препораките на Советот на Европа, ОБСЕ и други меѓународни организации со цел обезбедување заштита на слободата на изразувањето и за сузбивање на лажните вести и пропаганда сакаме да укажеме дека Владата е целосно свесна дека просторот на социјалните медиуми е изложен на креирање на лажни вести и дезинформации со цел обид за манипулација на граѓаните на РМ. Имајќи ја предвид штетата врз јавниот интерес која може да настане од лажна пропаганда во текот на референдумскиот молк, Владата најавува дека нема да дозволи граѓаните да бидат изложени на лажни вести. Ќе ги проверува фактите и ќе ги презентираме како Влада пред граѓаните на РМ, рече Бошњаковски.

Во текот на референдумскиот молк секоја објава која ќе биде детектирана дека е лажна или е дезинформација или, пак, е полувистина ќе биде на почетокот соодветно идентификувана и ќе биде објавено дека истата е неточна на официјалните комуникациски канали на Владата: на твитер профилот @portparolnavrm, како и на официјалната фејсбук-страница на Владата, рече портпаролот Бошњаковски.

2

ТАГОВИ: Влада молк референдум

Back To Top