skip to Main Content

Од денеска престанува да важи забраната за движење, но останува задолжителното носење заштитна опрема и одржување на потребната дистанца

    8
Од денеска престанува да важи забраната за движење, но останува задолжителното носење заштитна опрема и одржување на потребната дистанца

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.

-Оваа одлука е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превемените мерки дадоа одредени резултати- наведуваат од Министерството за здравство.

Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки, како што истака синоќа и д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските и светските трендови. Во однос на регистрираните случаи со КОВИД-19, тие се контролираат и во постојана комуникација со медицинскиот тим. Во овој момент, 50 отсто од капацитетите се исполнети во болничките установи. Има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини.

Но, оттаму истакнуваат дека, граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки.

-Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот- стои во соопштението.

8

ТАГОВИ: аабрана за движење мерки

Back To Top