skip to Main Content

Одржано правно советување посветено на бракот (Галерија)

    4
Одржано правно советување посветено на бракот (Галерија)

Во хотелот „Континентал“ со почеток во 11 часот денеска се одржа правно советување во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација IURIDICA PRIMA на тема „Актуелни прашања и проблеми поврзани со разводот на бракот и имотните односи на брачните партнери-потреба од реформи во семејното законодавство”.

Советувањето го започна Проф. д-р Дејан Мицковиќ говорејки на тема „Реформи во семејното законодавство”. Професорот истакна дека помеѓу 1990 и 2000 година Македонија заедно со БиХ биле земји со најмалку разводи на бракови во Европа.

-Еманципацијата на жената игра важна улога во зголемениот број на разводи. Допринос има и намалената улога на религијата. По Француската револуција бракот станува доминанто граѓански, а не религиозен како до тогаш. Во Италија разводот на брак е воведен во 1975 година, а во Ирска дури во 1995 година. Во светот постои поделба на монолитички и плуралистички концепт на опции за развод на брак- истакна Мицковиќ.

Судија Радмила Карановиќ од Основниот суд Скопје 2 Скопје, смета дека треба да се направат законски измени со кои ќе може судот со самата изјава за повлекување дадена при Центарот за социјални работи да се смета тужбата за развод на брак дека е повлечена.

-Во моето работење не секогаш ја темелам својата одлука врз мислењето на Центарот за социјални работи- поентираше Карановиќ.

Билјана Петрушева од Центарот за социјални работи Скопје, смета дека во последно време постои тренд на помодарство во барање за времени мерки за заштита и превенција од семејно насилство. Смета дека се потребни законски измени со кои ќе се овозможи повеќе време за родителот кај кого не е доделено детето и дека како орган целат кон пофлексибилни спогодби.

Адвокат Весна Мирјановска како претставник на Адвокатската Комора на РМ, смета дека судот мора да предничи и тој да го носи решението, а не Центарот за социјални работи.

-Од моето искуство за жал во многу случаи и мајките знаат да бидат манипулативни со децата. Проблем се и неедуцираните родители кои не ги познаваат или недоволно ги познаваат своите, и правата на детето, истакна Мирјановска.

Професорот Ангел Ристов од Правниот факултет Јустинијан Први како последен предавач ги запозна присутните дека по праксата на ЕСЧП, видувањата се однесуваат на поширокото семејство, не само на родителите.

-Не до крај е уредено излегувањето од државата на разведен родител со децата. Постои позитивен пример во Скандинавските земји каде за деца чии родители не плаќаат издршка, истата се исплаќа од буџет, а потоа државата се регресира од должникот. Важно е да бидат уредени законските одредби за делба на имот стекнат во брак. Не смее да се заборави дека самиот процес влијае на децата, финишираше Ристов.

4

ТАГОВИ: Iuridica Prima брак советување

Back To Top