skip to Main Content

Одреден триесетдневен притвор за Моника Ристеска

    150
Одреден триесетдневен притвор за Моника Ристеска

Моника Ристеска попладне беше изведена пред судија во Основниот суд Куманово, кој го прифати предлогот на дежурниот Јавен обвинител и и одреди триесетдневен притвор.

Околу 18 часот синоќа на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14 грама канабис.

Моника уште вечерва ќе биде спроведена во затворот Скопје (Шутка).

Во решението за притвор судот се повикува на висината на запретената санкција и генерално врши copy-paste на наводите на обвинителството, што е изричито забрането со праксата на ЕСЧП (Миладинов и други против Македонија; Полискаја против Русија).

Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината.

150

ТАГОВИ: Куманово Моника притвор

Back To Top