skip to Main Content

Одреден триесетдневен притвор за Катица Јанева

    13
Одреден триесетдневен притвор за Катица Јанева

Судија на претходна постапка и определи триесетдневен притвор како третоосомничена на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во истрагата за случајот „Рекет”. Јанева има право на жалба преку нејзините адвокати до Кривичниот совет.

Катица Јанева од вечерва па во следните 30 дена ќе биде во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Со досега обезбедените вербални и материјални докази во истрагата Јавното обвинителство утврдило дека основите на сомневање се издигнале на степен на основано сомневање дека јавниот обвинител сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

-Од обезбедените докази се утврди дека јавниот обвинител ја искористил својата службена положба и овластување кои ги има по Законот за Специјалното јавно обвинителство и одредбите од Законот за кривичната постапка и за себе и за други лица прибавил имотна корист во значителен износ- соопштија од Обвинителство.

За истиот предмет веќе втор месец во притвор се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

13

ТАГОВИ: Катица Јанева притвор

Back To Top