skip to Main Content

Одреден притвор од осум дена за Емил Јакимовски

    6
Одреден притвор од осум дена за Емил Јакимовски

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на ОЈО Скопје и донесе решение со кое му одреди краткотраен притвор од осум дена на Емил Јакимовски.

Попладнево Јакимовски беше на распит во ОЈО за семејно насилство и неизвршување на судска пресуда.

Јакимовски синоќа беше приведен , после повеќекратки закани кон повеќе лица и загрозување на сигурноста.

Јакимовски во средата беше повикан на распит во полиција поради заканите, а покрај новинарките, тој се заканувал на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на вработени во институцијата и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Заканите кон неговите колеги биле веќе претходно пријавени во полиција.

Директорката на Централниот регистар минатиот викенд му даде и отказ поради нарушување на угледот на институцијата.

Јакимовски ја хакираше и фејсбук-страницата на Централен регистар, кој ја креирал страницата уште пред 10 години додека бил раководите на Одделението за маркетинг и односи со јавност.

6

ТАГОВИ: емил јакимовски Кривичен суд притвор

Back To Top