skip to Main Content

Одреден домашен притвор за осомничениот кој направи лабараторија за канабис (видео)

    18
Одреден домашен притвор за осомничениот кој направи лабараторија за канабис (видео)

Основното јавно обвинителство Скопје своевремено бараше притвор за осомничениот Н.Б (31) од скопската населба Козле, кај кого полицијата пронајде 52 саксии со стебла канабис, но судот ги прифати аргументите на одбраната и на осомничениот му одреди домашен притвор. Бранител на осомничениот е скопскиот адвокат Јанаки Митровски.

Осомничениот е под прогон поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

Осомничениот го приспособил најгорниот кат од својот дом во Козле за одгледување растенија од типот Cannabis, при што направил импровизирана лабораторија со 52 растенија, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана, информираше ОЈО Скопје.

При претрес на домот на осомничениот е пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и ќеси, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.

 

 

18

ТАГОВИ: домашен притвор Козле

Back To Top