skip to Main Content

Одлуката за преземање на предметите од СЈО го одложи судењето „Транспортер“

    3
Одлуката за преземање на предметите од СЈО го одложи судењето „Транспортер“

Денешното рочиште по предметот „Транспортер“ беше одложено бидејќи предметите од Специјалното јавно обвинителство се предадени на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, истакнаа од Коалицијата Сите за правично судење кои вршат судски мониторинг.

Судијката Добрила Кацарска на почетокот на судењето истакна дека имајќи предвид оти изминал рокот од три дена за преместување на предметите, и објавеното соопштение на Обвинителот Љубомир Јовески за преземање на предметите од СЈО, оневозможена е работата на судечкиот совет.

– Со одлуката за преземање на предметите, целото судство е заробено и не може да се судат предметите на СЈО. Не можеме да ги водиме судењата бидејќи може да се направи повреда на постапката- истакна судијката Добрила Кацарска.

3

ТАГОВИ: Кацарска Транспортер

Back To Top