skip to Main Content

Одземените деца се вратени кај својот татко

    13
Одземените деца се вратени кај својот татко

Откако ЈанакиЗнае во јавност ја изнесе сторијата за семејната драма, во која Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје без никакво известување одзеде двете малолетни деца В.Н (10) и Л.Н (9), истите повторно се вратени кај својот татко.

Имено, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на ден 29.03.2019 година незаконски одзеде две деца, со образожение дека истите се запоставени и изгладнети, без притоа да достават писмено решение или пак едноставно да го известат старателот.

Во меѓувреме на старателот му е доставено ретроактивно решение за времено одземање кој го покрива периодот во кој истите беа одземени, се со цел да се покрие против правното постапување на цетнарот.

Инаку Ј.Н. е старател на овие дечиња веќе седум години, децата му се доделени нему со две правосилни пресуди. Се грижи за нив и ги чува веќе седум години откако нивната мајка го напуштила семејниот дом и децата.

ЈанакиЗнае се обрати до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје, од каде добивме маил дека информациите кои ги бараме не се од јавен интерес и истите се тајна на Центарот за социјална работа.

Поради горе наведеното, полномошникот на Ј.Н. адвокат Јанаки Митровски до Министерството за труд и социјална политика поднесе преставка со барање за вонреден надзор, од каде се известени дека по предметот се постапува.

Дополнително, ќе биде поднесена кривична пријава за Злоупотреба на службената положа против директорката на ЦСР Скопје и тимот кој ги одзел децата противправно, без да го извести таткото и без да му достави писмено решение со цел истиот да го оспорува.

13

ТАГОВИ: социјално старател

Back To Top