skip to Main Content

Одбиено барањето за одложување на затворската казна на Кочан

    5
Одбиено барањето за одложување на затворската казна на Кочан

Кривичниот суд одлучи да нема одлагање на затворската казна на бизнисменот Сеад Кочан. Неговата молба е одбиена, а тој во затвор треба да се јави на 17 – ти јули.

-Во однос на предметот од обвинителството означен како „Труст“, ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката- наведуваат во соопштение од Кривичен суд.

Кочан е осуден на четири години и осум месеци во случајот „Труст“. Првично судот го осуди бизнисменот на шест години, но Апелација му ја намали казната.

5

ТАГОВИ: „Труст“ Сеат Кочан

Back To Top