skip to Main Content

Одбиени жалбите на Груевски и неговите адвокати

    4
Одбиени жалбите на Груевски и неговите адвокати

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одби жалбите на Никола Груевски и на неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се јави во затворот „Шутка“ за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“.

Како што соопшти Судот, Решението е испратено до странките во постапката и е извршно веднаш по приемот од странките.

-По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од
одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите
во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции, наведува Судот.

Груевски вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна, но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот.

4

ТАГОВИ: груевски казна затвор

Back To Top