skip to Main Content

Одбиена жалбата на Катица Јанева

    9
Одбиена жалбата на Катица Јанева

Кривичен совет од тројца судии и ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија од скопскиот Кривичен суд. Тоа значи дека Јанева останува во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Судијата Седат Реџепагиќ и определи притвор на шефицата во оставка на СЈО, по барање на Обвинителството за гонење организиран крииминал и корупција.

Јанева е третоосомничена во истрагата „Рекет“, таа според обвинителството, му овозможила на осомничениот Орце Камчев поповолна позиција во истрагата на обвинителката Лиле Стефанова за предметот „Империја“, при неизменети околности и предложила да излезе од притвор.

Шефицата на СЈО е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

9

ТАГОВИ: јанева притвор

Back To Top