skip to Main Content

Обвинителниот акт за „Рекет“ е одобрен во целост

    2
Обвинителниот акт за „Рекет“ е одобрен во целост

Кривичниот суд излезе со соопштение за јавноста во која се вели дека приговорите на осомничените за предметот „Рекет“ се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.

-Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од  Б.Ј., К.Ј. и З.М., на НЕ ЈАВНА СЕДНИЦА одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое: Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост- наведуваат од Кривичниот суд.

Против ова решение, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба.

-Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени- наведуваат од Кривичен.

2

ТАГОВИ: Боки 13 Кривичен суд рекет

Back To Top