skip to Main Content

Обвинетите не чувствуваат вина за убиството на Саздовски

    7
Обвинетите не чувствуваат вина за убиството на Саздовски

Oбвинетите Бесим Беља и Скендер Демири денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не чувствуваат вина за убиство на свиреп начин на младиот комита Никола Саздовски.

Во воведниот говор бранителот Насер Руфи рече дека обвинетиот Беља немал никаква намера, ниту умисла да го лиши од живот Саздовски и додаде дека ќе докажат дека единствена причина за смртта која настапила е поради металната кутија на ЕВН која се наоѓа на автобуската постојка.

Ангел Фидовски, јавниот обвинител рече дека ќе докаже дека двајцата обвинетите заедно со третообвинетиот, кој е во бегство, со умисла го лишиле од живот Никола Саздовски на начин што на 29.6.2018 на автобуската кај „Алкалоид“ го претепале нанесувајќи му смртни повреди. Обвинителот рече дека ќе докажат дека обвинетите го сториле убиството за што имаат сведоци, но и вешти лица од судска медицина кои правеле обдукција на телото на Саздовски.

Бранителот на Скендер Демири, Асмир Исмаиловиќ рече дека ќе докажат дека ваквото обвинение не може да опстане. Адвокатите посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.

Со сведочење на Тони Саздовски, татко на убиениот Никола започна доказната постапка. Таткото на Никола кажа дека семејството на Саздовски се приклучува кон кривичниот прогон.

 

7

ТАГОВИ: Саздо

Back To Top