skip to Main Content

Обвинетите и бранителите даваа завршни зборови за предметот „Змиско око“

    5
Обвинетите и бранителите даваа завршни зборови за предметот „Змиско око“

Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со кодно име „Змиско око“ беа дадени завршните зборови од сите 53 обвинети и нивните бранители.

Воедно, наведуваат од Кривичниот суд, за овој предмет се оформени и 10 други раздвоени предмети за кои исто така во изминатиот период беа дадени завршните зборови од странките, со што формално е завршена главната расправа, која прв пат, по прием од надлежниот судечки совет, беше насрочена во јануари 2018 – та година,  откако со одлука на Апелациониот суд Скопје предметот беше вратен на првостепено одлучување.

Заради обемноста на изведениот доказен материјал и завршните зборови, судот дополнително ќе закаже термин за објава на пресудата за која странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

5

ТАГОВИ: змиско око судење финиш

Back To Top