skip to Main Content

Обвинение против 24-годишник кој со маска на глава и нож ограби казино

    12
Обвинение против 24-годишник кој со маска на глава и нож ограби казино

На обвинетиот му се става на товар дека на 26.12.2019 година околу 08.00 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино.

Притоа со нож се заканил на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.

Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес заедно со обвинението достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото  лице- наведуваат од ОЈО Велес.

12

ТАГОВИ: казино неготино обвинение

Back To Top