skip to Main Content

Обвинение против 21-годишник за поседување оружје

    3
Обвинение против 21-годишник за поседување оружје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 14 мај, обвинетиот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со калибар 9 мм Para, со 3 рамки со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со калибар 7,62Х39 мм со една рамка со 29 куршуми од тој калибар- стои во соопштението од ОЈО Скопје.

Лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што сѐ уште постои опасност од бегство, имајќи ја предвид висината на запретената казна за делото кое му се става на товар, како и другите околности во предметот.

Исто така, постои опасност тој да го повтори кривичното дело, па од тие причини јавниот обвинител оцени дека не постојат основи за поблага мерка за да се обезбеди присуството на обвинетиот и непреченото водење на кривичната постапка.

3

ТАГОВИ: актуелно Арачиново ОЈО оружје

Back To Top