skip to Main Content

Обвинение против млад скопјанец кој под волан криел пиштол „Берета“

    2
Обвинение против млад скопјанец кој под волан криел пиштол „Берета“

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-Имено,  нa 19 мај, во сопствениот патнички автомобил марка Фолксваген голф 5, обвинетиот држел огнено оружје – пиштол марка Берета со калибар 7,65 мм за кој немал дозвола за поседување. Пиштолот го сместил под воланот, во механизмот за подесување на висината на воланот. Оружјето било откриено на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес – Скопје, при преглед на возилото- стои во соопштението на ОЈО Велес.

Истовремено, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на опасноста дека повторно ќе го изврши истото кривично дело.

2

ТАГОВИ: вовал возило пиштол

Back To Top