skip to Main Content

Обвинение против едно лица за убиството во Шуто Оризари

    4
Обвинение против едно лица за убиството во Шуто Оризари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „Убиство“.

-Обвинетиот на 14 јуни, во населбата Шуто Оризари, по вербална расправија и физичка пресметка со негов близок роднина, со нож во рака отишол во куќата на роднината. Кога оштетениот го забележал, и тој зел нож во раката за да се брани, по што повторно меѓу нив дошло до физичка пресметка. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата роднини застанала сопругата на оштетениот. Во тој момент обвинетиот со умисла ја убил роднината, замавнувајќи со ножот и задавајќи и смртоносна убодна рана во градниот кош и срцето. Потоа обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот и неговиот роднина, нанесувајќи му две површни сечни рани во пределот на градниот кош и една убодна рана во стомакот. По настанот, го фрлил ножот во дворот на куќата и заминал од местото- соопштуваат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот, како и основан страв дека тој би можел да го повтори или доврши обиденото кривично дело, а особено имајќи ги предвид тешките последици од настанот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

4

ТАГОВИ: ОЈО убистви шуто оризари

Back To Top