skip to Main Content

ОБСЕ го презентираше вториот извештај за СЈО

    3
ОБСЕ го презентираше вториот извештај за СЈО

ОБСЕ го презентираше вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тие забележаа дека дел од предметите се преплавени со непотребни докази и со сведоци, упатија забелешка и на фактот дека СЈО не ги дало „бомбите“ на одбраната со цел ги преслушаат доказите од истите.

-Треба да се осврнеме на неизвесноста на СЈО. Згрижени сме за нацрт законот за СЈО. Згрижени сме за рокот за СЈО, бидејќи мандот наскоро ќе заврши, а СЈО треба да продолжи да работи- рече Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Адвокатите пак на обвинетите се пожалија на пречестите рочишта. Но, ОБСЕ и Јанева им порачаа да застапуваат толку обвинети за колку што можат да подготват одбрана.

Овој втор преоден извештај содржи анализа на набљудуваните судски предмети во периодот помеѓу ноември 2016 и ноември 2018 година, односно во двете години од почетокот на првиот судски процес на СЈО.

3

ТАГОВИ: Извештај Катица Јанева ОБСЕ

Back To Top