skip to Main Content

ОЈО изврши увид во Драчево- автомобилот преминал во спротивна лента

    5
ОЈО изврши увид во Драчево- автомобилот преминал во спротивна лента

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи ноќва околу полноќ во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.

-Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени- наведуваат од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

5

ТАГОВИ: Драчево сообраќајка

Back To Top