skip to Main Content

ОЈО го расчистува случајот во Битола со медицинската интервенција на лице без лиценца

    5
ОЈО го расчистува случајот во Битола со медицинската интервенција на лице без лиценца

Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет по добиена анонимна пријава на 12 јануари 2021 година, а во врска со постапување на лекари специјалисти – гинеколози од Клиничка болница Битола и едно лице странски државјанин за кое постојат основи на сомневање дека без лиценца за работа преземало медицинска интервенција.

Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена од СВР Битола на 8.2.2021 против три лица заради преземени дејствија со кои ги пречекориле своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле лице без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција врз родилка, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство.

-По завршувањето на интервенцијата, едно од лицата во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници на кои третото лице ги запишало извршените оперативни интервенции на 1.1.2021 година- е наведено во соопштението на ОЈО.

Обвинителството издаде  Наредба за собирање потребни известувања до СВР Битола.

Испитани  се две лица кои дадоа свои сознанија за настанот и поднесено е барање до Лекарската комора на РСМ. На 3.2.2021 година јавниот обвинител издаде Наредба за вештачење на Оперативни дневници на Одделот за Гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, за кои постои сомнение дека содржат невистинити податоци, односно се отстранувани страници.

5

ТАГОВИ: гинекологија ОЈО

Back To Top