skip to Main Content

ОЈО бара притвор за Емил Јакимовски

    6
ОЈО бара притвор за Емил Јакимовски

Заканувачот Емил Јакимовски и поранашен вработен во Централниот регистар ноќта ја мина во полициска станица, дознава „ЈанакиЗнае“.

Се очекува денеска околу пладне тој да биде изведен пред судија на претходна постапка, по барање на ОЈО Скопје за одредување на мерка притвор.

Јакимовски синоќа беше приведен , после повеќекратки закани кон повеќе лица и загрозување на сигурноста.

Јакимовски во средата беше повикан на распит во полиција поради заканите, а покрај новинарките, тој се заканувал на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на вработени во институцијата и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Заканите кон неговите колеги биле веќе претходно пријавени во полиција.

Директорката на Централниот регистар минатиот викенд му даде и отказ поради нарушување на угледот на институцијата.

Јакимовски ја хакираше и фејсбук-страницата на Централен регистар, кој ја креирал страницата уште пред 10 години додека бил раководите на Одделението за маркетинг и односи со јавност.

6

ТАГОВИ: емил јакимовски Кривичен ОЈО

Back To Top