skip to Main Content

ОЈО Скопје ја отфрли кривичната пријава против актерката Ирена Ристиќ

    85
ОЈО Скопје ја отфрли кривичната пријава против актерката Ирена Ристиќ

Основното јавно обвинителство донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава против македонската актерка Ирена Ристиќ, кое беше поднесено од Здружението за здравствена, социјална и образовна поддршка  „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ од Скопје, (European Roma Rights Centre) и Здружение на правници Роми, под образложение дека пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

Бранител на реномираната актерка Ирена Ристиќ е скопскиот адвокат Јанаки Митровски.

Актерката Ристиќ беше пријавена за кривичното дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ по чл. 319 став 1 од Кривичниот законик и за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 став 4 в.в ст. 1 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител при ОЈО Скопје ја прифаќа одбраната на актерката, оттаму наведуваат дека искажаното е во согласност со член 10 од Конвенцијата за основни човекови права и слободи односно правото на слобода на изразување. Ова решение е обжалено од наводно оштетените, но и жалбата е одбиена од Вишото Јавно Обвинителство и решението е правосилно.

 

85

ТАГОВИ: Ирена Ристиќ ОЈО Скопје

Back To Top