skip to Main Content

ОЈО Кавадарци врши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа

    5
ОЈО Кавадарци врши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде што утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени.

-Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „Ланд Ровер“ со велешки регистарски ознаки. Во несреќата животот го загубил еден од патниците во голфот, додека еден е потешко и еден полесно повреден. Со полесни повреди се здобиле и тројцата патници во џипот. Сообраќајот на патниот правец е запрен до целосно завршување на увидот- наведуваат во соопштението од ОЈО.

По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили. Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за сообраќајно-техничко вештачење.

5

ТАГОВИ: Кавадарци ОЈО сообраќајка

Back To Top