skip to Main Content

Нотаријатот во РСМ – апсурдно писарска професија

    90
софче ристова

Апсурдност, поим кој означува бесмиленост, токму тоа е Нотарската професија, односно народски позната како „писарска професијаСогласно законот за Нотаријат полека, но со сигурни чекори, оваа професија во нашата држава за жал има многу поголеми права, овластувања и надлежности кои се секако во нејзин интерес, но дискримнирачки во однос на другите професии кои се дел од правната област.

Пример за таква професија е адвокатурата. Професија која е загарантирана со Устав да обезбедува правна помош и да врши јавни овластувања во согласност со законот, професија која има вредност во вистинска смисла на зборот. Освен адвокатурата како професија исто така ќе ја напоменам и извршителската професија, односно професија која во последните години е центарот на вниманито и претставува најголем проблем за граѓаните.

Но никој не се запрашал ЗОШТО е така? Зошто едните имаат поголеми овластување и права, а другите не. Дали вреди едните да имаат поголеми надлежности, а другите не. Секако дека не се согласувам, бидејќи овде станува збор за професии кои имаат мерило на вредност.

Нотарската професија е професија која не заслужува да има премногу права односно надлежности, поради природата на истата. Законот за нотаријат на оваа професија и овозможи да ја понижи интелигенцијата на народoт со нејзиниот COPY –PASTE –систем и МАШИНА ЗА ПАРИ односно професија без капка вредност.

Најпрво, би сакала да образложам во кратки црти што всушност работат нотарите и каква е нивната надлежност. За таа цел, би сакала да ве запознаам со различните видови документи и правни постапки кои се поле на работа во нотарската професија. Како прва постапка би ја издвоила т.н. заверки на документи (преписи, потписи и преводи) кои се во надлежност на нотарите. Граѓаните, согласно законот доколку имаат потреба и се условени, документите кои им ги бара институцијата без разлика на причината за нивно доставување да бидат заверени на нотар со лично присуство (зависно од документот) кои согласно законот, мораат лично да се потпишат во т.н. дебела книга, а која сега е во форма на тетратка како потврда дека документот има исто значење со оргиналниот документ. Но таа заверка всушност преставува само tabula rasa која нема никакво значање, односно про форма која треба само да се наплати, иако постојат илјада други начини на кои би можело да се изведе тоа.

Следно, договорите за недвижен имот, договорите за дар, физичките делби итн. кои како правни постапки согласно законот мораат да се спроведат и како нотарски постапки односно да се солемнизират (Солемнизација-потврда на извршна исправа). За овие постапки нивната нотарска награда достигнува износ од 5.000,00 денари зависно од вредноста на имотот кој исто така може да достигне награда и до над 5.000,00 денари. (6.000,00, 7.000,000 денари и повеќе).

Согласно Законот за Нотаријат чл.153 (Нотарска тарифа). Работата на нотарите овде се сведува на кликање COPY PASTE на документот и менување на личните податоци на странките со приложување на дополнителни 3 до 5 документи. Дали вреди нивната награда да изнесува 5000,00 денари и повеќе? СЕКАКО ДЕКА НЕ!

Дали потрошувачките кредити, нотарските акти – Менична изјава, кои се дел од законот на банките и чии постапки согласно законот мораат да се спроведат и како нотарски постапки и Нотарските акти –договор за залог (хипотека), кои достигнуваат вредност на нотарска награда во износ од 20.000,00 до 30.000,00 денари и повеќе е во ред? Не, не е во ред се додека нивната работа повторно се сведува на системот COPY –PASTE, односно злоупотребување и профитирање на грбот на граѓаните, за кои сметам дека можат да се имплементираат на поедноставен начин. Дали вреди некои со COPY –PASTE да заработуваат, односно профитираат на таков лесен начин, а други како Адвоктурата како професија која има вредност и не е ценета, да има помали права?

Сигурно за еден адвокат да води судска постпка, да пишува тужба, жалба или ревизија е многу потешко, бидејќи треба да води постапка каде треба да применува закони и максимално да го користи мозокот, да има ораторски вештини, а некој друг од друга страна со COPY –PASTE system да има поголеми права и на многу поедноставен начин да профитира доста подобро. Ќе ги напоменам и оставниските постапки, кои се во надлежност на нотарите и кои во последен период не им се баш омилиени, бидејќи нотарската награда која ја добиваат за нив нема голема вредност.

За крај ќе ги споменам решенијата за издавање на нотарски платен налог, кои ги изработуваат нотарите врз основа на веродостојна исправа позната како ,,платни налози”, односно сметките за струја, сметките за вода за смет и др. кои ги доставуваат до должниците. Во овој случај кога странките, односно должниците кои не се доволно информирани и не знаат каква е правната постапка, доаѓаат за да се информираат, одговорот на нотарите е препраќање кај адвокатите или извршителите зошто они не се виновни за ништо. Наплатата за изготвувањето на нивниот документ, ним им е исплатена по фактура од страна на доверителот. Иако доставата која ја спроведуваат до должниците е многу проблематична, односно во пракса има доста пропусти со доствувањето на овие документи, тие сепак успеваат да извлечат поголеми бенефиции, кои според закон им следуваат.

Од гореспоменатите постапки и реални ситуации, може да се заклучи дека е време да се отвори ова прашање, да се овозможи да се разгледа и соочи разликата во професиите кои се дел од правната област со цел да се стави акцент на професиите кои имаат вредност и да им се овозможи да имаат поголеми права и овластување.

Накратко, сметам дека треба да се преземаат дејствија со кои ќе се поедностават правните постапки, за да биде запазен интересот на граѓаните, бидејќи во никоја друга држава не постои ваков начин на толкување на професии. Овозможување на поголеми права и овластувања на професии кои едноставно се измислени (фиктивни) професии кои не заслужуваат да профитираат на таков едноставен начин, не е прифатливо и тоа треба да се промени.


Пишува: Софче Ристова, по професија Правник

НАПОМЕНА : Колумната е напишена согласно чл. 16 од Уставот и чл. 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права, со кои се овозможува правото на слобода на изразување како и правото на јавно изразување.

 

90

ТАГОВИ: правник софче ристова

Back To Top