skip to Main Content

Новo рочиштe за „Монструм“

    6
Новo рочиштe за „Монструм“

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Монструм“, кој се  однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

Исто така денеска треба да се одржи судско рочиште и за предметото со кодно име „Траекторија“, каде ќе се изведуваат докази и ќе се презентираат вештачењата. Овој предмет се однесува на избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, каде обвинетите, Груевски, Јанакиески, Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски ги пречекориле своите овластувања.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

На минатото судење на 6 мај се сослушуваа сведоци. Случајот е во закрила на судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

6

ТАГОВИ: „Монструм“

Back To Top