skip to Main Content

Нов Предлог-закон за Финансиска полиција за зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал

    2
Нов Предлог-закон за Финансиска полиција за зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал

Владата на Република Северна Македонија на редовната трета седница го утврди новиот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.

Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓу институционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на посистематска и функционална основа.

2

ТАГОВИ: Влада седница финансиска полиција

Back To Top