skip to Main Content

Новиот закон за спречување и заштита од дискриминација доставен до Собранието

    3
Новиот закон за спречување и заштита од дискриминација доставен до Собранието

Владата на Република Македонија до Собранието на РМ го поднесе новиот Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација. Цел на овој закон е обезбeдување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.


Концептот и содржината на Законот е базиран на меѓународните норми и стандарди содржани во повеќето меѓународни документи усвоени од страна на ООН, Европската Унија,  Советот на Европа и Уставот на Република Македонија, коишто се основа за дефинирање на обезбедување на механизам на мерки и активности за правна заштита во случај на појава на дискриминација. Притоа се користени и искуствата од компаративниот преглед на регулативата од другите земји во кои се донесени и во кои се во сила вакви  закони. Со новиот текст на Законот се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на законот- е наведено во Предлог-законот.


Во  новиот текст на законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита.

Цел на овој закон е обезбeдување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Со овој закон се уредуваат превенцијата и  забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација како и  составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Причините за донесување на овој нов закон се наоѓаат во почитување на меѓународните стандарди и обврските преземени со ратификација на меѓународните договори, пред се на оние кои се однесуваат на гаранциите на човечките права и слободи; во исполнувањето на стандардите за стабилизација и пристапување кон Европската Унија и хармонизација на нашето законодавство со европското законодавство (aquis communitaire), како и за унапредување на законската регулатива и надминување на недостатоци на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација со што би се овозможила уште поефикасна борба против дискриминацијата.

3

ТАГОВИ: Царовска

Back To Top