skip to Main Content

Не е позната локацијата на Африм Исмаиловиќ, обвинет во „Монструм“

    4
Не е позната локацијата на Африм Исмаиловиќ, обвинет во „Монструм“

Министерството за правда преку соопштение ја информираше јавноста за екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ – обвинет во случајот „Монструм“.

Оттаму појаснуваат дека министерството добило информација од страна на Министерството за правда на Косово дека добиле одговор од надлежниот Јавен обвинител, во кој се вели дека во моментот не е познато каде се наоѓа обвинетиот Африм Исмаиловиќ.

Од Министерството за правда на РСМ велат дека ќе испратат ургенција и ќе побараат од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на лицето и негова екстрадиција, со цел да биде изведено пред лицето на правдата.

4

ТАГОВИ: Африм Исмаиловиќ екстрадиција Косово Министерство за правда монструм

Back To Top