skip to Main Content

Нема судир на интереси во номинацијата на Дескоска за член на Венецијанската комисија, утврди Антикорупциска

    4
Нема судир на интереси во номинацијата на Дескоска за член на Венецијанската комисија, утврди Антикорупциска
Антикорупциската комисија (ДКСК) утврди дека нема судир на интереси во предлогот на Владата, министерката за правда, Рената Дескоска да биде член на Венецијанската комисија.

-Според статутот на Венецијанската комисија, таа е составена од независни експерти, но она што е најважно во статутот е предвидено дека членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата од каде доаѓаат и тие воопшто не учествуваат во расправата и гласањето поврзано со земјите кои ги претставуваат. На ваков начин сметаме дека Венецијанската комисија сама се има заштитено од судир на интереси- посочи претседателката на комисијата за спречување корупција Билјана Ивановска.

Овој предмет ДКСК го отвори по допрен глас од медиумите, но и по претставка поднесена од политичка партија.

4

ТАГОВИ: Венецијанска комисија Дескоска ДКСК ивановска

Back To Top