skip to Main Content

На обдукција тело на мртво новороденче

    3
На обдукција тело на мртво новороденче

МВР соопштува дека е пронајдено починато бебето на 19-годишната струмичанка,  која се породила дома. Случајот во саботата во СВР Струмица го пријавил лекар од струмичката болница, каде била хоспитализирана  девојката, а по извршениот преглед било констатирано дека претходнобила породена.

-Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче- соопштуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

3

ТАГОВИ: МВР новороденче

Back To Top