skip to Main Content

Наредена истрага против скопјанец кој во домот чувал оружје

    5
Наредена истрага против скопјанец кој во домот чувал оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот во кој престојувало лицето, на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар- наведууваат од ОЈО Скопје.

До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

5

ТАГОВИ: истрага оружје

Back To Top