skip to Main Content

Мотоциклист прегази четири пешаци на Илинденска

    4
Мотоциклист прегази четири пешаци на Илинденска

На булеварот „Илинден“ во Скопје синоќа се слулила тешка сообраќајна незгода, во која четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, откако мотоциклист удрил во нив, информира МВР.

-На 04.09.2019 во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. К.Д била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, В.Д.К. и С.Т. биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Л.К. била пренесена во градската општа болница „8-ми Септември“, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“- информираат до МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

4

ТАГОВИ: сообраќајка тешки телесни повреди

Back To Top