skip to Main Content

Моника Ристовска осудена на една година затвор

    84
Моника Ристовска осудена на една година затвор

Активистката Моника Ристовска е осудена на една година затвор, за Неовластено производсртво и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Согласно член 47 од Кривичниот законик на обвинетата Ристовска во изречената казна затвор и се засметува и времето поминато во притвор сметано од 11. 05. 2019 година до започнување со издржување на изречената казна затвор. Судот не и ја отповика претходната условна осуда.

На 10 мај, годинава на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис.

Бранител на Моника Ристовска е адвокатот Јанаки Митровски. Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината.

84

ТАГОВИ: Моника Ристовска пресуда

Back To Top