skip to Main Content

Министерство за правда демантира за апсењето на Груевски

    3
Министерство за правда демантира за апсењето на Груевски

Македонското министерството за правда демантира дека во Унгарија е уапсен поранешниот премиер Никола Груевски.

Откако од Македонија минатата година Никола Груевски пребегна во Унгарија, од тамошните власти побара и доби политички азил.

-Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција. На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено.- наведуваат во демантот од Министерството за правда.

Во прилог на ова е последниот допис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто го информираат нашето министерство за правда, дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство.

Унгарското Министерство за правда, велат оттаму, исто така го информирало Министерството за правда, дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски.

3

ТАГОВИ: груевски Министерство за правда унгарија

Back To Top