skip to Main Content

Маричиќ: Водилка во одлуките за заштита на човековото здравје да биде светото тројство: владеењето на правото, демократијата и човековите права

    6
Маричиќ: Водилка во одлуките за заштита на човековото здравје да биде светото тројство: владеењето на правото, демократијата и човековите права

За време на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа на тема „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права“, обраќање имаше министерот за правда Бојан Маричиќ кој истакна дека покрај тоа што вирусот посегна по голем број на животи, короната значително влијаеше и на нашите темелни вредности утврдени во Европската конвенција за заштита на човековите права и Уставот на Република Северна Македонија.

-Соочени со “непознатото”, корона вирусот ја наметна потребата од тоа да во голем број на држави се воведат рестриктивни мерки, кои пред се однесуваат и ги засегаат човековите права. Повторно, Северна Македонија не беше исклучок и во период на техничка влада, се соочивме со една од најсмелите одлуки, а тоа беше да прогласиме вонредна состојба за справување со последиците од пандемијата: здравствени и економски- истакна министерот за правда Бојан Маричиќ.

Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа на тема „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права

Како една од најтешките одлуки на претходната Влада, Маричиќ истакна дека било прогласувањето на вонредната состојба и дерогација на човековите права утврдени во Уставот и Европската конвенција за човековите права и воведувањето на рестриктивните мерки.

-Главниот предизвик во целиот свет во справувањето со оваа пандемија е во заштитата на човековото здравје, која често подразбира и воведување на рестриктивни мерки. Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на јавното здравје. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се досега дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза. Заедно со останатите држави и Северна Македонија прави максимални напори да го заштити јавното здравје и да балансира помеѓу рестриктивните мерки и економско-социјалните последици. Сепак, водилка во одлуките за заштита на човековото здравје и одлуките за справувањето со пандемијата треба да биде светото тројство: владеењето на правото, демократијата и човековите права- потенцираше Маричиќ.

6

ТАГОВИ: маричиќ Министерство за правда рестриктивни мерки

Back To Top