skip to Main Content

Малолетничка почина откако врз неа паднала статива

    8
Малолетничка почина откако врз неа паднала статива

Малолетничка починала откако врз неа паднала статива на ракометно игралиште во Куманово, информира МВР.

-На 14.08.2019 година во 17,15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека во Медицинскиот центар во Куманово била донесена 13 годишна малолетничка од Р.Хрватска, со привремен престој во Република Северна Македонија, со повреди на главата, кои ги здобила при пад на статива на ракометно игралиште на улицата „Народна револуција“. Од здобиените повреди девојчето починало- наведуваат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството.

8

ТАГОВИ: малолетничка смрт статива

Back To Top