Малолетник од Штип нападнал жена и насила и го одзел паричникот

Во 12.30 часот денес напладне по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.З.(17) од Штип, информира МВР.
-Малолетникот денеска околу 11.50 часот на ул.„Сутјеска“ пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М.(65) од Штип и насилно и го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи- велат од МВР.
Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М.
Од ресорното министерство велат дека се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава.
3ТАГОВИ: малолетник пари паричник Штип