skip to Main Content

Македонска актерка одведена во Кривичен, учествувала во шверц на кокаин

    376
Македонска актерка одведена во Кривичен, учествувала во шверц на кокаин

„ЈанакиЗнае“ ексклузивно дознава од неофицијални извори кои потекнуваат од судот, дека познатата македонска актерка, Силвија Стојановска, е уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.

Во моментов актерката Силвија Стојановска, е однесена пред Основниот кривчен суд во Скопје, каде чека да биде изведена пред судија на претходна постапка, по барање за одредување мерка притвор од Јавното обвинителство.

Како што дознаваме актерката е лишена од слобода во врска со заплената на 700 килограми кокаин, која шпанската полиција ја заплени на септември годинава.

 

376

ТАГОВИ: ОЈО притвор силвија

Back To Top