skip to Main Content

МВР расчисти кривично дело „убиство“, убиецот е притворен

    8
МВР расчисти кривично дело „убиство“, убиецот е притворен

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје вчера го предаде Б.Р.(28) од село Арачиново, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.

Ова дело е казниво по чл.123 од КЗ на РСМ, кое го извршил на 18.08.2019 околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 во село Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на З.А.(30) од село Арачиново, кој на 09.09.2019 во ЈЗУ УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, починал како последица на нанесената повреда.

-На 18.08.2019 околу 16:00 часот во село Мојанци, А. А., брат на починатиот З.А., по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 село Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје- соопштува МВР.

По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.

8

ТАГОВИ: МВР притвор убиство

Back To Top