skip to Main Content

МВР излезе со демант

    3
МВР излезе со демант

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините изнесени денеска од Независниот синдикат при МВР и обидот за груба манипулација со јавноста.

-Согласно Колективниот договор на МВР, кој што нормира и дозволува користење на одредени средства сопственост на МВР за потребите на вработените, Македонскиот полициски синдикат упати, согласно процедурите, барање за доделување службен автобус и возила, а заради одржување на годинешно собрание на нивниот највисок синдикален орган – Централниот совет на МПС. Следствено барањето и моменталните околности (ангажман на возилата) беше позитивно одговорено на барањето на МПС, исто како што позитивно би се одговорило доколку такво барање благовремено и согласно процедурите било испратено и од Независниот синдикат- стои во соопштението на МВР.

МВР ја информира јавноста дека од 01.12.2018 година, е зголемена платата на сите униформирани полициски службеници на министерството, а пак, како што во неколку наврати беше најавено од страна на раководството на министерството, во наредната 2019 година платата на вработените во МВР повторно ќе се зголеми за пет проценти.

-Со оглед на транспаретноста на Министерството, за ваквите активности, како и за сите други активности, особено околу унапредувањето на статусот на вработените и унапредување на нивните материјално-технички услови на работа, во многу наврати и министерот за внатрешни работи и Одделот за односи со јавност преку изјави, соопштенија, и преку официјалниот веб сајт на министерството ја информираше јавноста, а истовремено согласно интерните процедури постојано се информираат сите вработени без исклучок, вечат од МВР.

За актуелното раководство на МВР, велат оттаму, како во изминатава година, така и во иднина примарно ќе биде воспоставувањето на основи за долгорочно подобрување на професионалните, техничките и стручни стандарди на сите вработени во македонската полиција.

3

ТАГОВИ: МВР

Back To Top