skip to Main Content

Ловџија повреден со прострелна рана при лов

    2
Ловџија повреден со прострелна рана при лов

Со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов во Здравствениот дом во Демир Хисар е донесен М.Р. од село Обедник, информира МВР.

-На 05.01.2019 година околу 11.00 од страна на лекар во Итна медицинска помош во Демир Хисар пријавено е дека во Здравствениот дом во Демир Хисар донесен е М. Р. (54) од село Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов. По негово кажување, со повредата се здобил во село Обедник на место викано „Локва“ при испукување на куршум од ловна пушка од страна на С. Ѓ. (52) од с.Обедник- се наведува во соопштението од МВР.

Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

2

ТАГОВИ: МВР

Back To Top