skip to Main Content

Лишени од слобода близнаците од „Пука Козметика“ (видео)

    16
Лишени од слобода близнаците од „Пука Козметика“ (видео)

На вчерашниот протест против уставните измени околу 21,20 часот во близина на Порта Македонија, дојде до инцидент. Имено, лишени се од слобода рап артистите од „Пука Козметика“, близнаците Жарко и Дарко Масларковски, кои физички нападнале полициски службеници.

МВР ги терети по член 383 од Кривичниот законик- напад на овластено службено лице. Од страна на дежурен јавен обвинител наредено е нивно задржување и во овој момент сè уште се во Полициска станица Кисела Вода.

Адвокат на Дарко Масларковски е Јанаки Митровски, додека на Жарко Масларковски бранител е Дејан Костиќ.

Од МВР велат дека по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во прилог видео од апсењето пред Собрание.

16

ТАГОВИ: апсење близнаци протест Уставни измени

Back To Top