skip to Main Content

Кубанци уапсени кај Меџитлија

    2
Кубанци уапсени кај Меџитлија

Министерството за внатрешни работи информира дека во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени 46 годишно и 29 годишно лице, двајцата од Куба, кои илегално ја минувале границата со нашиот јужен сосед, информира МВР.

-На 15.10.2019 во 14.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени 46 годишно и 29 годишно лице, двајцата од Куба, кои во атар на село Драгош, битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Македонија и Грција- наведуваат од МВР.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

2

ТАГОВИ: кубанци меџитлија

Back To Top