skip to Main Content

Кривична за 28-годишник кој поседувал амфетамин и марихуана

    6
Кривична за 28-годишник кој поседувал амфетамин и марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против М.Г.(28) од Скопје, соопшти МВР.

МВР информира дека против осомничениот е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес на пријавениот пронајдени се марихуана и амфетамин.

6

ТАГОВИ: амфетамин кривична марихуана

Back To Top